Прокопиев: Вистинската држава би застанала зад своите уметници
Foto

Прокопиев: Вистинската држава би застанала зад своите уметници

„Има ли поголем клиентелизам од директната партиска интервенција во наградување и пензиите, во откупите и другите културни „стимуланси“ вака им возвраќа на обвинувањата на уметниците Златко Теодосиевски кој е дел од работната група која го подготви предлог- законот во кој е предвидено во иднина да се укинат додатоците за националните пензии.

Теодосиевски на својот Блог пишува зошто според него е оправдана одлуката, бидејќки како што вели најголем дел од уметниците не ја ни заслужиле. Тој одби да одговори на прашањата на ТВ 24 поврзани со укинувањето на дотатоците, само кусо по смс ни предочи дека се што имал да каже напишал во неговиот текст кој е насловен како „Незаслужени Доаени“

„Ако некој баш сакал да се бави со оваа тема, требал малку да истражи како во изминативе години функционираше, на пример, спрегата државни награди – национална пензија. Па ќе види како сосема случајни луѓе преку ноќ стануваат доаени, целосно (и со право) заборавени „уметници“ како една година добиваат (на лепе очи, викаат србите) висока државна награда, а веќе следната година се кандидати, и добитници на додак на пензија. И сето тоа врз грбот на културниот буџет, врз грбот на даноците на сите граѓани на оваа држава! “

Телевизија 24 како и изминатите денови така и денеска побара став и од првите луѓе во културата, но останавме без официјален комнтар. Министерто Хисни Исмалии бил на одмор, а неговиот заменик работно надвор од Скопје. И додека од ресорното министерство само кусо повторуваат дека сите забелешки ќе бидат земени во предвид, реакциите кај уметниците не стивнуваат.

Писателот Александат Прокопиев гледа политика во предлог -законот кој во иднина предвидува укинување на додатоците за националните пензии. Тој нагласува дека вредноста на уметници паметните држави ја користат како пропагнда за сопствената националност, а уметникот во оваа држава е сиромашен, со мизерна пензија, затоа виситнските уметници ја заслужуваат и таа парична награда и поткрепа.

Прокопиев смета дека не треба да се укинувааат паричните додатоци, туку во иднина да има поригорозна селекција составена од компетенти комисии

На потребата од поригорозна селекција и критериуму предупредија и дел од остантите уметници кој јавно проговоријА. Во изминатиот период 72 уметници добија национални пензии, револтот на дел од уметниците не стивнува, некој од нив не се доволно информирани,бараа да им кажеме што точно содржи предлогот- законот.

0 Коментари

Остави коментари