Производителите на пластични кеси бараат одложување на законот
Foto

Производителите на пластични кеси бараат одложување на законот

Ден откако стапи на сила новата законска регулатива, со која се зголеми цената на кесите на 15 денари, групацијата на производители и преработувачи бара целосно одложување на примената.

Велат дека законот е донесен без консултација на приватниот сектор и ја погодува цела индустриска гранка. Побараа одложување или клуч на врата, на вработените веќе им најавиле отпуштање од работа. 

До 2023 година производителите треба пластичните кеси да ги заменат со биоразградливи. Оттаму велат дека нема доволно време за да се обезбедат материјали за овие промени потребни се дополнителни инвестиции, обука на вработените.

Од Министерството за животна средина велат дека се неосновани поплаките на производителите на кеси, бидејќи уште од 2013 година е воведена обврската за производство на биоразградливи кеси.

Законите се дискутираат од 2019 година и се одржани неколку јавни расправи, во правилникот направиме еден период во кој што им дозволивме да продолжат уште година и пол да нудат на пазарот оксибиоразградливи кеси, за да го потрошат тој материјал што го имаат, а после тој период од 1 јуни 2023 да почне да се применува новиот стандард за биоразградливост.

Според Министерството идејата не е остепено да се зголемува цената, туку таа да биде висока за граѓаните да бидат демотивирани да купат и да користат торби за повеќекратна употреба. 

За граѓаните новата цена на едно кесе од 15 денари е многу висока. Дел пак одлучни –ќе користат платнени торби.

Законот за употреба на пластични кеси стапи на сила од вчера и веќе предизвика лавина од реакции.  Построгите стандарди ќе започнат да се применуваат  од јуни 2023 година, со цел нивно прилагодување кон новиот начин на работење.

0 Коментари

Остави коментари