Прогласена кризна енергетска состојба со снабдување со топлинска енергија
Foto

Прогласена кризна енергетска состојба со снабдување со топлинска енергија

ЕСМ од петок официјално ќе го преземе управувањето со БЕГ и Топлана Скопје Север. Владата вчера прогласи кризна состојба во делот на снабдување на топлинска енергија, со цел да се донесат мерки кои ќе се спроведат од страна на есм од 21 јануари.

Во четврток договорот за преземање ќе биде потврден, а ЕСМ ќе управува со двете компании до крајот на грејната сезона. Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека со 6 милиони евра од државната каса ќе се помогнат снабдувачите со топлинска енергија. 

„Калкулациите во однос на 6 милиони евра се направени со брезанските цени на природен гас за месец јануари. Сега ги очекуваме понудите што се однесуваат на месец февруари и март, и согласно тие проекции и постоечката формула од РКЕ и ЕСМ ќе се направаат соодветните калкулации. Ние не субвенционираме приватни фирми. Одлуката е донесена да се преземе од страна на ЕСМ која е државна фирма и во пресрет на корисниците ќе излеземе преку ЕСМ а не преку БЕГ имајќи предвид дека не се вклучија општините и град скопје за да помогнат“ - изјави министерот Бектеши. 

На прашањето кој ќе преземе одговорност за случувањата во БЕГ, министерот Бектеши изјави дека Обвинителството води предистражна постапка за издавање на лиценците на БЕГ.  

„Веќе има постапка во Обвинителството што се однесува за издавање на лиценците за БЕГ, и би ве повикал да прашате во обвинителството и судовите. Тие се независни органи и постапките треба да ги завршат навремено согласно законските рокови. Што се однесува до лиценците, РКЕ ќе преземе мерки во моментот кога ќе биде потребно“ - изјави министерот Бектеши. 

Во буџетот за 2022 година е предвидена ставка, каде има 100 милиони евра наменети за справување со пандемијата и енергетската криза, и дополнителни 30 милиони евра од друга ставка од каде ќе може да се користат овие средства за надминување на кризата. 

0 Коментари

Остави коментари