Професори од ИХ: Екс вработените во ОХИС да се ангажираат за проценка на хемикалиите
Foto

Професори од ИХ: Екс вработените во ОХИС да се ангажираат за проценка на хемикалиите

Професори од Институтот за хемија предлагаат ангажирање на поранешните вработени во ОХИС и со нивна помош да направат проценка на хемиските материи во постоечките погони, а потоа да се состави погон за уништување отпад во кругот на фабриката.

За тв 24 велат дека некои хемикалии може да се пренаменат за производство и тоа може да донесе и заработка.

Според професорите Јане Богдановски и Виктор Стефов треба да веднаш да се направи увид и проценка на лице место што би требало да се изнесува надвор од Македонија на уништување, а што може да биде решено на лице место.

0 Коментари

Остави коментари