Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“
Foto

Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

„Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, започнаа со спроведување на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Проектот е финансиран од Европската Унија и ќе се реализира од 1.09.2020 до 31.08.2023. Овој проект работи на подобрување на можностите за образование на децата со попреченост и придонесува кон развитокот на инклузивен несегрегиран потсистем на основно образование, кој е отворен за сите и обезбедува висококвалитетна настава и осмислени можности за учење на сите ученици со попреченост, и на тој начин ја зајакнува нивната социјална и образовна инклузија. Тежнее кон целосен и еднаков пристап на децата со попреченост до редовните училишта и им на помага училиштата во подобрување на подготвеноста и капацитетите за осмислена инклузија преку обезбедување на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците со најразлични образовни посебни потреби, вклучувајќи физичка, сетилна и интелектуална попреченост.

Проектот „БИДИ ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование.

Проектот цели да осмисли и воспостави програма за стипендирање на ученици со попреченост од почетните одделенија за да се зголеми нивното запишување во редовните училишта и редовното посетување на часовите, како и да се спречи предвремено напуштање на училиштето и образовниот процес.

Проектот цели да ја подобри пристапноста на училиштата за учениците со попреченост.“ - вели за Студио 10 Бранка Џајковска, проект менаџер во НВО Чекор по Чекор.

0 Коментари

Остави коментари