Вардар го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампиони, вечерва загуби во Веспрем со високи 39-30.
Во реприза на финалето од Келн, унгарскиот состав му се одмазди на европскиот првак кој играше катастрофално во одбраната. Тренерската смена не донесе ништо ново – неизбежен беше високиот пораз.
Само во стартните пет минути македонскиот првак имаше минимална предност, Веспрем оствари серија за водство 9-5, а црвено-црните ги карактеризираше очајна одбрана.
Дибиров единствено беше расположен и ја намали предноста на домаќинот, со шест погодоци го постави резултатот на полувремето 21-17.
Само на стартот на вториот дел, вардарци покажаа добра игра, но по исклучувањето на Криштопанс, Веспрем повторно влезе во ритам. Унгарците само го зголемуваа водството за конечни 39-30.
Најефикасен Дибиров 8, Дисингер 5, по три Чупиќ и Криштопанс.
Кај Веспрем најдобар поединец Лауге со осум.
Во следното коло Вардар во „Јане Сандански“ го пречекува Мешков Брест.
0 Коментари