Продолжи кризата на Еурофарм, во СЕХА загуби од Мешков
Foto

Продолжи кризата на Еурофарм, во СЕХА загуби од Мешков

Мешков Брест победи во Битола со 35-32, контролирајќи го резултатот во сите 60 минути. Тоа што допатува со само шестмина од натпреварот против Вардар, во саботата, а остатокот беше втор тим, не ги зголеми шансите на Еурофарм, па македонскиот вицепрвак постојано бркаше негатива..

Во финишот на првиот дел успеа да фати приклучок, сепак Белорусите заминаа на пауза со 18-17. И вториот дел, како и првиот, Мешков го отвори со 3-0, имаше највисоки плус пет и никогаш не ја доведе во прашење победата. Ловро Јотиќ со осум гола беше најефикасен, Никола Митревски со 15 одбрани беше на своето препознатливо ниво.

Еурофарм остана на три победи во шест натпревари, на девет бода, колку што имаат и ППД Загреб и Мешков, зад лидерот во групата Б, Веспрем со 15 бода.

0 Коментари

Остави коментари