Проблемите со уредите за идентификација на терен го стопираа процесот
Foto

Проблемите со уредите за идентификација на терен го стопираа процесот

Новите уреди за биометриска идентификација за гласачите направи проблеми и гужви на повеќе гласачки места низ земјава.

Во основното училиште Блаже Конески во општина Аеродром можеше да се забележи голема гужва од гласачи низ ходниците. Дел од нив нервозни заминаа и не гласаа, бидејќи, како што велат, не вреди да се чека толку. 

Големи гужви имаше и во училиштето 26 јули во општина Шуто Оризари и гласањето се одвиваше бавно. И токму поради потешкотиите со уредите за биометриска идентификација пред одредени гласачки места се создадоа гужви во кои беше речиси невозможно да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Од ДИК потврдуваат дека проблеми има, поради што гласањето задоцнило, а сега велат се прави и мал застој во целокупниот тек на гласањето. 

Од државната изборна комисија  испратиле допис до општинските изборни комисии  - доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список, а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди, на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст.

Но, дополнително од ДИК напоменуваат дека стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

0 Коментари

Остави коментари