Проблеми во Грција со „Преспанскиот Договор“
Foto

Проблеми во Грција со „Преспанскиот Договор“

Грција целосно ќе ги спроведе обврските од Преспанскиот договор, како што е признавање на печатите во сегашните масоши, мерка кој сеуште не се применува, но Атина ќе ги смени и таблите на патиштата со новото име на државата, покрај противењето на префектот на грчката област Централна Македонија, вели министерот за телекомуникации на Грција за време на посетата на Скопје.

Република Северна Македонија и Грција денеска го потпишаа првиот билатерален договор под новото име, меморандум за намалување на роаминг услугите.

И портпаролката на опозициската нова демократија, мариа спираки на брифингот со грчите новинари кажала дека дебатата за новите табли е од мало значење, и дека новата реалност е дека новот име на соседот е Северна Македонија. Во државава пак продолжува промената на имињата на институциите согласно новото име, па така после Народната банка, Северна Македонија осамна и на сајтот на УЈП. Продолжува и забрзаната ратификација на македонското членство во НАТО. Бугарскиот парламент го најави нивното гласање за утре, Данска најави дека на 1 Март ќе ја почне постапката во својот парламент, а САД најавуваат дека покрај сложените процедури во нивниот Сенат, поради големата подршка кај сенаторите за Преспанскиот договор, се очекува македонското членство во алијансата да се ратификува до крајот на годината.

0 Коментари

Остави коментари