Пробен попис во штипска Чардаклија - за два дена не е попишано ниту едно дете
Foto

Пробен попис во штипска Чардаклија - за два дена не е попишано ниту едно дете

Недела. Некаде околу пладне. Штипското село Чардаклија пусто. Вооружени со лаптоп низ него може да се сретнат само луѓето од Државниот завод за статистика задолжени да го спроведат пробниот попис. Ова село е едно од четирите локации каде во Штип се прави пробен попис на населениото. Овластените попишувачи ни велат дека досега се тече без проблеми, им ја отвориле секоја врата на која тропнале. 

Единствен кој во селото беше расположен да зборува пред камера беше 83 годишниот Ванѓел Михајлов, кој вели дека пописот треба да спроведе, но не е сигурен колку од граѓаните ќе дозволат да бидат попишани.

Иако Чардаклија е едно од поживите села во Штипско, сепак попишувачите велат дека во првите два дена во ниту една куќа каде влегле во нивната програма не запишано ниту едно дете. 

Ова е само пробно попишување за да се тестира апликацијата за вистинскиот попис шо треба да спроведе во април догодина. По неговото спроведување треба да се знае колку граѓани останале, а колку ја напуштиле државата. 

Но токму е и прашањето за кои партиите ги вкрстуваат копјата. Бидејќи освен жителите кои се резиденти во државата, со пописот ќе се опфатат и тие кои живеат надвор од земјава повеќе од 12 месеци. 

Вкупно до крајот на јуни треба да се попишат 3.500 домаќинства во 13 општини. Последниот попис во државава е спроведен пред 17 години, а оној  што требаше да се реализира во 2011-та поради политички пазарења пропадна. 

 

0 Коментари

Остави коментари