ПРИВАТНИТЕ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ БАРААТ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДА ИМ ГИ НАМАЛИ КАЗНИТЕ
Foto

ПРИВАТНИТЕ МАТИЧНИ ЛЕКАРИ БАРААТ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДА ИМ ГИ НАМАЛИ КАЗНИТЕ

Казни во висина на просечна плата, а на на целата месечна капитација бараат приватните матични лекари од земјава. Со сегашната казнена политика се доведува во прашање опстанокот на нивните ординации, се жалат тие.

Бараат од фондот за здравство времено да ја тргне новата казнена политика, со која има одредено намалување на казните, но според нив, тоа не е доволно. Првиот човек на здружението лилија чолакова дервишова вели дека приватните треба да бидат изедначени со останатите лекари.

Фондот за здравство излезе во пресрет на барањата на лекарската комора и во новите анекси, казните значително ќе се намалат, велат од таму и потсетуваат дека овие промени ќе важат од почетокот на идниот месец.. Од фондот тврдат дека во реформите се прифатени и препораките на светска здравствена организација, но не кажуваат кои.

„Договорните казни се дефинирани согласно надоместокот кој се исплатува на приватната здравствена установа. Тие се изразени во дел од капитацијата, за да се овозможи правичност во казнувањето. Поедноставено кажано, во зависност од висината која се исплаќа на здравствената установа, се изрекува и казната, за да не се оштети било која здравствена установа. Новите Договори кои фондот ќе ги склучи со приватните здравствени установи ќе ги содржат препораките и реформите кои ги изготвуваат министерството и фондот, во соработка со светска банка и светска здравствена организација.

Приватните матични лекари подолг период негодуваат на казнената политика која фондот ја има кон нив. Освен ова, тие бараат да им се овозможи на пациентите, установата, наместо доктор поединец, да биде нивни матичен лекар.

0 Коментари

Остави коментари