Приватните лекари и фондот за здравство се договорија за парите
Foto

Приватните лекари и фондот за здравство се договорија за парите

Ниту намалување, ниту зголемување. Приватните лекари и во првите шест месеци од следната година ќе ги добиваат истите пари од државата. Ова е епилогот од договорот помеѓу Здружението на приватни лекари и Фондот за здравство.

Во првата половина од 2020 тата нема да има превентивни активности, а ќе има промена на шифрарници и на нови цели. Со ова лекарите ќе чувствуваат поголема сигурност, а во иднина ништо нема да се поместува без нивна согласнот, вели претседателката на Здружението на приватни лекар на Македонија Лилија Чолакова Дервишева.

Ова доаѓа откако пред пет дена приватните лекари се заканија дека нема да ги потпишат новите договори со Фондот, доколку не ги добијат правилниците по кои ќе бидат плаќани. Исто толку време Телевизија 24 се обидува да добие одговор од Фондот за здравство, каков е нивниот став околу барањата на приватните лекари.

Но, и после неколку официјално испратени електронски пораки, но и телефонски ургенции, Фондот остана глув на нашите барања. Затоа, нејасно е дали оваа институција ќе ги прифати и старите барања на лекарите, пациентите да имаат договори за лечење со приватните здравствени организации, а не со одреден лекар, администратор онаму каде што нема медицинска сестра или бенефициран стаж за лекарот кој работи сам и еднаков третман со лекарите од јавното здравство при користењето подолго боледување. Според Чолакова Дервишева, од Фондот добиле уверување дека сето ова ќе биде ставено во правилници.

Во Македонија има нешто над 1600 приватни матични лекари. Тие од Фондот месечно добиваат по 55 денари од пациент. Оваа сума државата реши да ја зголеми за блузу 15 отсто, така што со јануарската исплата, лекарите очекуваат да добиваат по 63 денари од пациент.

0 Коментари

Остави коментари