Намален е бројот на вработени кои добиваат плата до 15 илјади денари, а паралено со тоа зголемен е бројот на оние кои добиваат плата поголема од овој износ. Ова го покажуваат податоците на телевизија 24 добиени од УЈП со Законот за пристап до информации од јавен карактер.
Сепак, и натаму дури 36 отсто од вработените во јануари годинава добиле плата помала од 15 илјади денари, додека пред година и половина овој износ го добиле 45,5 отсто од вработените.
Според податоците, во јули 2017 година плата помала од 15 илјади денари добивале 247.547 илјади вработени, а во јануари годинава 194.132. Тоа значи дека бројот на вработени кои добивале плата до 15.000 денари е намален за 53.415 и при тоа нашата анализа покажува дека во најголем дел оваа бројка се прелеала кон повисоките примања.
Плата до 15.000 денари
Јули 2017 година 247.547
Јануари 2019 година 194.132
Разлика - 53.415
Речиси половина од вработените или 46 отсто - во јануари годинава добиле плата што се движи од 15.000 до 30 илјади денари. Односно, во јули 2017 година 217.403 луѓе добиле плата во овој износ, а во јануари 2019 година овој износ го добиле 246.474 вработени. Тоа значи дека бројот на вработени кои добиле плата во износ од 15 до 30 илјади е зголемен за 29.071.
Плата од 15.000 до 30.000 денари
Јули 2017 година 217.403
Јануари 2019 година 246.474
Разлика + 29.071
Анализата на податоците покажува и дека се зголемил и бројот на вработени кои добиваат плата од 30 до 60 илјади денари. Односно, во јули 2017 година 57.803 вработени го добивале овој изос, додека во јануари годинава 71.051 вработени го добивале овој износ на плата. Или борјот на вработени кои добиваат плата во износ од 30 до 60 илјади денари се зголемил за 13.248.
Плата од 30.000 до 60.000 денари
Јули 2017 година 57.803
Јануари 2019 година 71.051
Разлика 13.248
Во земјава само 12.968 вработени добиваат плата поголема од илјада евра, а нивниот број исто така е зголемен за 2.943 во однос на јули 2017 година кога овој износ го земале 10.025 вработени.
Плата поголема од 60.000
Јули 2017 година 10.025
Јануари 2019 година 12.968
Разлика 2.943
Но, има вработени кои не добиле плата. Па така во јануари годинава без плата останале 12.968 вработени а во јули 2017 година 10.357...
Не добиле плата
Јули 2017 година 10.357
Јануари 2019 година 12.249
Разлика 1.892
Во јули 2017 пријавени вработени со полно и скратено работно време изнесувал 543.135, додека во јануари годинава е намален и изнесувал 536.874. На што се должи ваквиот тренд дополнително ќе се анализира. Но отворени се и прашањата дали растот на минималната плата го придвижи растот и на останатите плати, дали зголемувањето на платите е во приватниот или јавниот сектор, и дали стопанството е подготвено за ново зголемување на минималната плата.
0 Коментари