Презентација на наодите од мониторингот на работата на ДКСК
Foto

Презентација на наодите од мониторингот на работата на ДКСК

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ денеска ќе ги презентира наодите од мониторингот на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во изминатиот период, Институтот спроведе мониторинг над работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за донесените одлуки и процеси што ги води Комисијата од формирањето до септември 2019 година.

Главна цел за мониторингот беше следење на активностите на ДКСК и донесените одлуки по отворени предмети за различни сомневања за корупција и/или судир на интереси.

 

Извештајот, како што велат од Институтот, се потпира на анализа на документи што се јавно достапни на веб- страницата на ДКСК.

0 Коментари

Остави коментари