Презентација на истражувањето за универзитетската автономија
Foto

Презентација на истражувањето за универзитетската автономија

Независниот академски синдикат (НАкС) и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија денеска ќе ги презентираат резултатите од истражувањето спроведено во рамките на проектот „Универзитетската автономија во македонското високо образование: статус и перцепции“.

Со оваа презентација, како што појаснуваат организаторите, ќе се зголеми информираноста на широката јавност за актуелната состојба со универзитетската автономија во Република Северна Македонија, нејзиниот статус и перцепции, како и да се придонесе за нејзино унапредување.

0 Коментари

Остави коментари