Презентација на Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година
Foto

Презентација на Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година

По повод Европскиот ден на жртвите од криминал, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска на прес-конференција, ќе го презентира Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година, ќе биде даден преглед на инцидентите, а ќе се оцени и постапувањето на државните институции во однос на овој вид криминал.

По шести пат вечер во Мобилната Галерија сместена во Паркот на Франкофонијата ќе го организираат и настанот „Турлитава – заедно е послатко“, со цел симболично да се одбележи Европскиот ден на жртвите од криминал од омраза.

Како што наведуваат од Хелсиншкиот комитет, идејата со која се организира настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.

-Цениме дека со организирање на ваков настан на кој ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија, директно ќе се посочи на различноста како можност за споделување, наведуваат од Хелсиншкиот комитет за настанот кој го организираат со поддршка на здруженија на граѓани и волонтери.

0 Коментари

Остави коментари