ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА НОВОТО УЧИЛИШНО ПОЛУГОДИЕ
Foto

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА НОВОТО УЧИЛИШНО ПОЛУГОДИЕ

Ширењето на жолтицата во Скопје ги мобилизираше училиштата пред стартот на учебната година да почнат со превентивни мерки. Зголемениот број на заразени го вклучи алармот и кај здравствениот инспекторат од каде велат дека веќе дале препораки во сите образовни установи да се подобрат санитарно-хигиенските услови во училиштата, континуирано да се чистат и дезинфецираат тоалетите, работните површини, како и предметите за општа употреба во училниците....

„Извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во Скопје во кои има заболени ученици и издадени се решенија за превземање на превентивни противепидемиски мерки. Пред почетокот на зимскиот распуст извршени се и контролни надзори по издадените решенија.“ - Државен Здравствен и Санитарен иснпекторат.

Според податоците на Центарот за јавно здравје во Скопје бројката на заразени со жолтица расте, а за прв пат е регистрана во скопските општини Петровец и Студеничани. Најмногу заболени има во Сарај каде состојбата будно се следи и не се исклучува можноста таму да се прогласи епидемија.

„Инкубациониот период е месец дена така што очекуваме бројката да се зголемува. Ризикот од ширење на заразата се зголемува со почетокот на учебната година, кога децата колективно престојуваат во иста просторија. Оваа болест уште се нарекува и болест на валкани раце, така што особено е важна едукацијата на децата за одржувањето на личната хигиена“. - Центар за јавно здравје - Скопје.

Според податоците на Центарот за јавно здравје во Скопје од септември до сега регистрирани се 78 случаи на ова заболување, што е неколку пати повеќе во споредба со претходните години. Епидемија пред нова година беше прогласена во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров, откако беа откриени 7 поврзани случаи со жолтица меѓу роднини и соседи.

0 Коментари

Остави коментари