Превенција за сериозни последици од земјотреси - клучот се мерните инструменти
Foto

Превенција за сериозни последици од земјотреси - клучот се мерните инструменти

11 земјотреси ги вознемирија вчера жителите на дебарскиот регион. Поголем дел од нив едвај се почувствуваа, но најсилниот, кој се случи нешто после 8 часот, ги потсети жителите на овој крај, на она што на Дебар му се случи пред 54 години.

Освен мала материјална штета во Албанија, каде што беше неговиот епицентар, вчерашниот земјотрес со јачина од 4,7 степени предизвика само вознемниреност кај граѓаните. Но, на тој кобен 30 ноември 1967 година, земјотрес со јачина од 6,5 степени уби седум жители на дебар и дебарско, а направи штети во 41 населено место. Дека дебарскиот регион историски е регион во кој што се случуваат земјотреси, потврдуваат и експертите. Професорот Влатко Шешов од Институтот за земјотрерсно инженерстрво и инженерска сеизмологија, вели дека градбите, а не земјотресите се тие што убиваат.

Последниот од серијата регистрирани 11 земјотреси во дебарско се случи синоќа околу 22 часаот. Потоа земјата се смири. Сепак, не е исклучено дека во овој регион, подолг временски период ќе има сеизмичка активност. И покрај тоа, земјотреси не можат да се предвидат, ниту пак науката оди во тој правец, дециден е Шешов.

Но, преку истражувања, може да се определни јачината на евентуален потрес, кој би се случил во некое подрачје. Тоа им помага на проектантите да одредат какви објекти ќе се градат. Кога сите општини би имале мерни иструменти, науката ќе добие непроценливо вредни податоци за земјотресите на тлото на Македонија, вели Шешов.

Вчерашниот земјотрес, чиј епицентар беше во албанското место Булчица, близу македонската граница, на 26 километри од Дебар, оштети неколку станови, но нема човечки жртви ниту повредени.

0 Коментари

Остави коментари