Претставничкиот Дом по вторпат изгласа импичмент на Трамп
Foto

Претставничкиот Дом по вторпат изгласа импичмент на Трамп

Претставничкиот дом на САД по вторпат му изгласа импичмент на доналд Трамп. Двесте триесет и два пратеника од Демократската партија и дури десетмина од редовите на републиканците гласаа за отповикување на американскиот претседател кој се товари за поттикнување бунт, поради неговата улога во минатонеделните нереди во Капитол хил, каде што животто го загубија неколку лица. Против отповикувањето гласаа 197 пратеници. Сега на потег е сенатот каде треба да биде донесена конечната одлука.

„Денеска сите ние покажавме дека никој не е над законот. Дури ни претседателот на САД. Доналд Трамп преставува јасна закана за нашата држава. Наша должност е да го чуваме и браниме уставот на САД.“ - Ненси Пелоси.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, го отфрли барањето на демократите во петок, на вонредна седница на Горниот дом да се потврди импичментот на Трамп. Редовната седница на Сенатот е закажана за 19 јануари, а процесот за отповикување на Трамп нема да заврши пред инаугурацијата на Џо Бајден, која е закажана за 20 јануари.

Веднаш по гласањето за отповикување, Трамп повторно го осуди насилството во Капитол и порача дека сите што учествувале во немирите ќе бидат ја добијат соодветната казна. Трамп, чии налози се блокирани на сите поголеми социјални мрежи, се обрати преку профилот на Белата куќа на Твитер. 

„Сакам да бидам јасен: недвосмислено го осудувам насилството што го видовме минатата недела. Ниту еден мој вистински поддржувач не можеше никогаш да поддржи политичко насилство. Нема изговори. Нема исклучоци. Америка е правна држава. Оние што учествуваа во нападите од минатата недела ќе бидат изведени пред лицето на правдата.“ - Доналд Трамп.

Досега ниту еден претседател на САД не бил отстранет од Белата куќа преку процесот на отповикување. Само тројца беа отповикани во Претставничкиот дом.

Трамп во 2019 година, Бил Клинтон во 1998 година и Ендру Џексон во 1868 година. На крајот сепак тие беа ослободени од обвиненијата во Сенатот.

0 Коментари

Остави коментари