Претседателски избори во Литванија
Foto

Претседателски избори во Литванија

Во Литванија утрово се отворени избирачките места за првиот круг од претседателските избори. Во трката се девет кандидати, меѓу кои не е сегашната претседателка Далија Грибаускајте бидејќи веќе има два петгодишни мандата.

Во текот на кампањата кандидатите најмногу се осврнувале на домашните прашања, како што се економијата, корупцијата и социјалната заштита, иако надворешната политика и одбраната се две главни прашања во надлежност на шефот на државата.

Главни фаворити на изборите се премиерот Саулиус Сквернелис, поранешниот економист Гитан Наусед и поранешната министерка за финансии Ингрида Симоните.

Далија Грибаускајте благодарејќи на антируските погледи, облекувањето со стил и црниот појас во карате, го доби прекарот „Челична дама“, како што ја нарекуваа и Маргарет Тачер кога беше премиерка на Велика Британија.

0 Коментари

Остави коментари