Претседателот Пендаровски во официјална посета на Албанија – средба со колегата Илир Мета
Foto

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Албанија – средба со колегата Илир Мета

Нема друга алтернатива освен членство во унијата а Скопје и Тирана мора да продолжат да чекорат по европскиот пат, порача Стево Пендаровски по средбата со албански колега Илир Мета. Македонскиот претседател предлага оддржување на вонреден самит на кој ќе учествуваат земјите Западен Балкан и на кој би се отфлиле сите алтернативи за евроинтеграцијата на регионот.

„Реално мислам дека и двете држави требаше да ги почнат пристапните преговори. Притоа ние потрошивме многу време на нашите европски пријатели да ги убедиме дека не станува збор за давање на полноправно членство , туку станува збор само за почеток на еден процес кој сигурно ќе трае со години. Станува збор за многу долг процес во кој ќе има доволно време ние да ги имплементираме европските стандарди и принципи со помош на нашите европски пријатели и тоа е најдобриот начин за брзо правење на реформи.“  изјави Пендаровски.

Двајцата се согласни дека треба да продолжат да ги охрабруваат политичките партии да продолжат со реформите за полесно да ги убедат европските лидери дека преговорите ќе доведат до стабилност и просперитет во целиот регион и дека безбедноста на Западен Балкан значи и безбедност на Европа,

Албанскиот претседател Илир Мета смета дека иднината на двете држави е во европското семејство. Сепак, напомена и дека не смеат да се занемарат и домашните обврски на секоја од земјите.

„Се наоѓаме во ситуација во која никој не би сакал да се најде. Но ние ќе ги зајакнеме нашите напори да бидеме кредибилни, како внатрешно така и во соработка со самата Европската унија, за да можеме да добиеме позитивни вести што е можно поскоро. Секоја друга идеја е неприфатлива за регион. Членство во ЕУ е од витално значење за иднината на балканот.“ - изјави Мета.

Македонскиот и албанскит претседател сметаат дека унијата треба да се фокусираа и на приближување на Босна кон европската заедница, но и на меѓународно етаблирање на Косово. Ова е прва средба на преставниците на двете држави по одлуката која беше донесена на европлскиот самит да не започнат преговорите со двете држави за членство во Европската унија.

0 Коментари

Остави коментари