Претседателот Пендаровски се залага за помирување
Foto

Претседателот Пендаровски се залага за помирување

Претседателот на државата Стево Пендаровски во неделното интервју на Радио Слободна Европа рече дека се сретнал и разговарал со сите лидерите на поголемите политички партии, освен со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„До сега не успеав да направам средба, со образложение дека сега не е моментот, рече Пендаровски. Шефот на државата се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот зоран заев и неговите соработници истакнува дека „нема намера да го амнестира заев или неговите блиски, ако сториле криминал“.

0 Коментари

Остави коментари