Претседателот Пендаровски отпатува за Париз, средбата со Макрон е утре
Foto

Претседателот Пендаровски отпатува за Париз, средбата со Макрон е утре

Претседателот Стево Пендаровски од денеска е во официјална посета на Париз каде ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Вечерва Пендаровски ќе присуствува на вечерата во Елисејската палата што ја приредува францускиот претседател за шефовите на држави и меѓународни организации кои се дел од Парискиот форум за мир, а утре се очекува да биде средбата со Макрон.

На 12 ноември претседателот ќе се обрати на Форумот осврнувајќи се на регионалната безбедност. Во рамки на форумот, претседателот Пендаровски ќе се сретне и со генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш како и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

0 Коментари

Остави коментари