Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за дивоградби

Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за законот за дивоградби. Тој писмено го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека нема да стави потпис на Указот за прогласување на Законот што Собранието го донесе на седницата одржана на 11. мај.

Одлуката, како што вели во сооопштението, ја донел врз основа на детална анализа на текстот на Законот, при што утврдил дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот.

Шефот на државата смета дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт.