Претседателот Пендаровски домаќин на неговиот словенечки колега Пахор
Foto

Претседателот Пендаровски домаќин на неговиот словенечки колега Пахор

Во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што почна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.

Двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Словенија, справувањето со последиците од КОВИД-пандемијата и регионалните прашања.

Претседателот Пахор за време на посетата е придружуван од Здравко Почивалшек, заменик претседател на Владата и министер за економски развој и технологија, како и од Матеј Тонин, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на Словенија.

0 Коментари

Остави коментари