ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ КАРАЏОСКИ ДАВАШЕ ИСКАЗ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Foto

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ КАРАЏОСКИ ДАВАШЕ ИСКАЗ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Цели четири часа претседателот на Судскиот совет, Зоран Kараџоски, се задржа во Основното јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција, каде беше повикан да даде одредени појаснувања во врска со одлуките на Судскиот буџетски совет со кои се дозволува, ретроактивна исплата на додатоци на плата за членовите на Советот од 35 отсто.

Нејасно е дали и во кое својство Караџовски е повикан пред надлежен обвинител. Од Обвинителството ништо не информираат за случајот, а ниту самиот Караџовски, на заминување, не сакаше да говори за причините поради кои е во повикан во Обвинителството.

Изгласувањето на одлуките, на 30. ноември, односно на 19. декември минатата година, со кои се дозволува исплата на додатоци на плата, во висина од 35 отсто, односно дополнителни 21.000 денари и натаму е неспорна за претседателот на Судскиот совет и претседател на Судскиот буџетски совет.

Караџовски, кој по изгласувањето на одлуките, со кои покачувањата треба да се однесуваат на септември и октомври, рече дека не гласал „за“, но дека нема ништо скандалозно или незаконско во одлуките. Ваквиот став на Зоран Караџовски дојде по реакцијата на министерката за правда, Рената Десковска, која рече дека одлуката на Судскиот буџетски совет за ретроактивно зголемување на додатоците на платата е незаконска.

- „Интересни се случувањата во Судскиот буџетски совет. Потсетувам, дека законски основ за додатоци на плата има за судиите, но не и за членовите на Судскиот совет. Кога сами си доделуваат додатоци кои не им следуваат не е само скандал туку е и противзаконски!“ - изјави Рената Десковска.

Министерката Десковска, уште кон крајот на минатиот декември, појасни дека постојат две одлуки на Судскиот буџетски совет, односно дека првата е донесена во ноември и се однесува на додатоци на плата и оти таа е во ред, но дека не е во ред Судскиот буџетски совет да носи одлука за ретроактивна исплата.

Со двете одлуки, под кои стои потписот на Караџовски, не се согласува и Синдикатот на УПОЗ и оттаму освен закана со штрајк на администрацијата, најавија и кривична пријава за Зоран Караџовски.

0 Коментари

Остави коментари