Претседателот на Чешка не е во состојба да ги исполнува своите должности
Foto

Претседателот на Чешка не е во состојба да ги исполнува своите должности

Чешкиот претседател Милош Земан најверојатно нема да се врати на функцијата поради влошената здравствена состојба, соопшти претседателот на Горниот дом на парламентот на државата.

Тој добил писмо од Централната воена болница во Прага, каде што се лекува Земан, во кое се вели дека шефот на државата не е во состојба да работи, а долгорочната прогноза е „многу неизвесна“.

Земан итно беше примен во болница на 10 октомври, ден по парламентарните избори. Тој е сместен на одделот за интензивна нега и е о стабилна здравствена состојба.

0 Коментари

Остави коментари