Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен денеска во Скопје, утре доаѓа и еврокомесарот Вархеји
Foto

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен денеска во Скопје, утре доаѓа и еврокомесарот Вархеји

Европската Комисија се фокусира Македонија да ги започне преговорите со ЕУ овој декември. Ваква порака испрати шефицата на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска во Скопје.

Лајен вели дека интензивно се разговара и со Скопје и со Софија за надминување на блокадата и дека постојат идеи, но не сакаше да открива детали. Таа децидно го отфрли разделувањето на пакетот Македонија и Албанија и сака двете држави да ги започнат ЕУ преговорите, во најбрз можен рок. 

 - Работиме со двете страни, работиме и со Бугарија за да ја надминеме последната пречка. Има многу добри идеи што треба да се разгледаат, се со цел да ја надминеме последната пречка и да се одржи првата меѓувладина конференција. Нашата цел е со Северна Македонија и со Албанија да почнеме пред крајот на годината. Има многу работа, долг е процесот, многу разговори, затоа што има многу теми што може да се решат со добар дијалог. Севкупната цел е да се започне со пристапниот процес, кој веќе не треба да биде попречуван од овие теми. - изјави Урсула Фон дер Лајен претседател на Еврпска Комисија.

Премиерот Заев порача дека досегашната блокада на македонските евроинтеграции не е во духот на определбата на ЕУ за проширување на Унијата . Во однос на ветото од Бугарија и преговорите со официјална Софија, Заев кажа дека и понатаму ќе продолжат разговорите , но за македонскиот идентитет нема преговори. Од бугарска страна, според  изјавата на премиерот, има позитивни сигнали за разбирање на овој став. 

 - Ние и до сега покажавме подготвеност и конструктивен придонес за решавање на билатералните односи преку заемно почитува и заштита на националниот достоинство, но идентитетските прашања едноставно е невозможно да бидат предмет на преговори и среќни сме што од Бугарија стигнуваат сигнали за разбирање за овие прашања кои се исто така и европски вредности. - изјави Зоран Заев премиер на РСМ.

Лајен која денска допатува од Тирана, неколкупати на денешната прес конференција во Скопје, повтори дека е целосно посветена на прашањето - како да се одблокира македонскиот пат до ЕУ. Таа побара Македонија да не губи верба во ЕУ и да направи уште еден чекор за деблокирање на процесот. 

Утре во Скопје ќе пристигне и еврокомесарот за поширување Оливер Вархеји и ќе се сретне со премиерот Заев . Според најавите средбата се очекува да биде на пладне. Вархеји пред една недела ја пости и Софија.

0 Коментари

Остави коментари