Претениците во Собранието не мрднаа од мртва точка за законот за канабис
Foto

Претениците во Собранието не мрднаа од мртва точка за законот за канабис

Наместо суштинска дебата на седница, партиски препукувања по прес конференции. Уште еден неуспешен обид на пратениците за компромис околу законските измени за медицинскиот канабис. Парламентарната Комисија за здравство не ја одржа расправата...

Измените што ги предлага СДСМ, а со кои треба да се дозволи извоз на сув цвет од канабис се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата законските измени се за интерес на бизнисите со медицинска марихуана на семејството Заеви.

„Имаме плантажи на дрога кои ги имаат семејството на Заеви во Свети Николе, во Валандово, адвокатот на Заев има плантажи во Струмица и сето тоа на сметка на јавното здравје, на сметка на граѓаните. Нас ни требаат инвестиции и ЕУ, а не Колумбија, а не метадонски терапии за нашите млади.“ - изјави Влатко Ѓорчев - ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката СДСМ пак тврди дека законските измени се усголасување со европското законодавство и со нив велат меѓудругото дека се предвидува 20 отсто од нето добивката да оди во буџетот на државата.

„Тоа ќе биде усогласување со европското законодавство, голем дел на граѓани работат во овој бизнис со сериозни пари. Ние сакаме само да се отвори дебатата за овој предлог закон за кој се предвидува 20 насто од нето добивката да влегува во буџетот на Република Македонија.“ - изјави Јагода Шахпаска - СДСМ.

Од здружението на производителите на медицински канабис пак, кои што ги поддржуваат законските измени, за ТВ24 велат дека очекуваат истите да бидат усвоени. Ја повикаа опозициската ВМРО-ДПМНЕ на јавна дебата. Прашуваат кои се аргументите на опозицијата и дали противењето на предлог законот е само поради политички причини. Дополнително велат дека законот што оваа партија го донесе во 2016-та бил набрзина донесен, поради што се докажало дека во пракса не функционира во целост.

И додека власта и опозицијата се препукуваат на политичка основа, а бизнисмените го бркаат профитот, никој не говори за пациентите за кои всушност и беше легализирана марихуаната за медицински цели.

Дел од здруженијата на граѓани и пациенти потенцираат дека иако легализација на канабис во медицински цели подразбира легален пристап до канабисот за болни и сузбивање на црниот пазар, кај нас тоа и по четири години од донесувањето на законот не се случи. И покрај тоа што има триесетина лиценцирани фирми, сите до една како што велат се извозно ориентирани и македонските граѓани немаат буквално никаков бенефит од нивното постоење.

0 Коментари

Остави коментари