Пресуда „Монструм“: Три доживотни казни затвор, две затворски до 15 години и една ослободителна
Foto

Пресуда „Монструм“: Три доживотни казни затвор, две затворски до 15 години и една ослободителна

Три доживотни казни затвор I две затворски казни од 15 и девет години им изрече денеска скопскиот кривичен суд на обвинетите во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година. 

Судечкиот судија Огнен Ставрев во образложението на пресудата, меѓу другото наведе дека ова не е обично кривично дело туку монструозно и садистичко одземање на пет животи. 

За обвинетиот Сами Лута, судот го одби обвинението, поради тоа што јавното обвинителство се откажа од негов гонење. По барање на обвинителството судот им одреди и мерка притвор на сите осудени во случајот. 

Фејзи Азири кој беше осуден на 15 години затвор бурно реагираше за ваквата одлука и ги повика обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска да го посетат во затвор за да им приложи докази кој е нарачателот, организаторот и помагачите на петкратното убиство. 

Одбраната е убедена дека со ваквата одлука се покажува дека судот и обвинителството се во меѓусебна спрега. Адвокатите најавија жалби и по пресудата и по мерките притвор. И понатаму тврдат дека осудените не се виновни.  

Обвинетите Халил Демири и Африм Исмаиловиќ не ја слушнаа пресудата. Тие скоро девет години се во бегство во Косово и ним им се судеше во отсуство. 

 

 

0 Коментари

Остави коментари