Премиерскиот кабиент го напуштаат дел од сoветниците
Foto

Премиерскиот кабиент го напуштаат дел од сoветниците

По местенката со лажниот Порошенко, од владата соопштија дека премиерот Заев го менува својот телефонски број но кабиентот го напуштаат и дел од советниците. Од Владата информираат дека по направената анализа на дел од ангажираните лица во премиерскиот кабинет, премиерот Заев ќе им се заблагодари за соработката.

Претходно со одлука на Владата беа разрешени 40 функционери – директори на јавни претпријатија, членови на управи и надзорни одбори како дел од операцијата метла. Во кабинетот на премиерот сега има околу 60 тина советници и соработници.

Во образложението на владата во однос на новите разрешувања меѓудругото се вели:

Во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво на проверки и заштити на комуникациите на претседателот на владата. Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници. Премиерот направи и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка“.

0 Коментари

Остави коментари