Премиерот Петков реферираше пред пред пратениците во бугарскиот парламент: Бугарите ќе влезат во македонскиот устав
Foto

Премиерот Петков реферираше пред пред пратениците во бугарскиот парламент: Бугарите ќе влезат во македонскиот устав

Бугарите ќе бидат дел од македонскиот Устав - за македонското малцинство не се дискутира. Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на обраќањето пред пратениците во Народното собрание во Софија кажа дека на последната средба со премиерот Ковачевски е договорено Бугарите да бидат впишани во Уставот на Македонија, а останува во рамки на преговорите меѓу двете држави да се договори кога тоа точно ќе се случи.

Договор меѓу двете влади има и за заедничко чествување на Гоце Делчев. На 4 февруари заеднички ќе се слави 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.  Бугарскиот премиер Петков изјави дека Ковачевски во своите 8 дена на премиерската позциија - 4 дена ги поминал со бугарската влада, што според него, укажува на желба да се заврши работата.

Додека Софија бара вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, темата за македонското малцинство во Бугарија според Петков е недопуствлива, а ОМО Илинден е провокација.

Бугарската страна нема да го менува својот состав во комисијата за историски прашања.  Петков остави рок од десет години да се надминуваат и другите спорни прашања меѓу Скопје  и Софија , како говорот на омраза.

Според него, Европската Комисија е подготвена финансиски да ја поддржи изградбата на железничката врска меѓу Македонија и Бугарија. Надежите на Петков се дека веќе во март ќе биде пуштена во функцијаи  авионската линија меѓу Софија и Скопје. Во текот на 2022 треба да бидат завршени и 13-те километри од бугарска страна кај граничниот премин Клепало.

0 Коментари

Остави коментари