Премиерно одиграна претставата „Свадби“
Foto

Премиерно одиграна претставата „Свадби“

Траумите од минатото кои што го определуваат општествено - социјалниот контекст на ликовите е главниот мотив на претставата „Свадбaтa“, која синоќа премиерно беше изведена во Велешкиот театар.

Публиката на малата сцена виде претстава, која почна како комедија, а заврши како социјална драма. Таа зборува за драмите кои луѓето ги доживуваат за време на свадбената церемонија, но и за сите проблеми и фрустрации кои бракот ги носи.

Претставата не се случува само на сцена. Актерите играат и во другите простории на театарот, а публиката тоа го следеше на платно, преку видео пренос. Вакво храбро експериментирање со жанровите во Македонија го работи само режисерката Ристевска Петрушева, велат актерите.

Претставата завршува со лични исповеди на актерите, за најголемите проблеми со кои се соочуваат во своите животи.

Претставата заврши со испраќање порака за љубов од актерите, лично кон речиси секој поединец во публиката, а таа тоа го награди со десетминутен аплауз.

„Свадбата“ е правена по текстови на американскиот писател Алан Бол, бугаринот Антон Страшимиров и македонскиот драматург Катерина Момева.

0 Коментари

Остави коментари