Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Штип
Foto

Премиера на претставата „Самоубиство во самоодбрана“ во Штип

Во Домот на млади во Штип денеска премиерно ќе биде изведена  театарската претставата „Самоубиство во самоодбрана“, работена според истоимениот драмски текст на Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.

„Самоубиство во самоодбрана“ е драма која зборува за животот, човештвото, љубовта и стравовите. Основната линија на дејствието се одвива на железничката станица каде што Веселин го чека возот под кој сака да се фрли. Тука, навидум случајно, се сретнува со самопрогласениот поет Горјан, и транс-жената Ева. Оваа линија е испреплетена со сеќавања од неговото минато од кои ја дознаваме причината за неговото доаѓање до оваа крајна станица. Картите се отвораат, маските паѓаат, вистината излегува на виделина.

Сценографијата на претставата е дело на Ристе Мицевски. Улогите ги играат актери од ансамблот на Алтернативен Театар „Отпишани“ – Скопје: Петра Ивановска – во улога на Александра, Марјан Анѓеловски – во улога на Веселин, Јасмин Рамани – во улога на Горјан и Огнен Велевски – во улога на Ева.

Претставата е поддржана од Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.

0 Коментари

Остави коментари