Премиер лигата се враќа на три измени
Foto

Премиер лигата се враќа на три измени

Во Премиер лигата од следната сезона повторно ќе бидат дозволени само три измени, беше решено на средбата на клубовите.

Според Би-Би-Си, клубовите гласале да се вратат на старото правило затоа што сметале дека повеќе промени им одговараат на најсилните и најбогатите.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) дозволи уште две измени поради обемот на работа на фудбалерите по „рестартирањето“ на сезоната, првично до септември, а потоа го продолжи тоа правило до август 2021 година.

Ова значи дека пет измени, доколку така решат надлежните, ќе можат да се користат во репрезентативните натпревари, ЕУРО и Копа Америка, следното лето.

0 Коментари

Остави коментари