ПРЕКУ ГЛАВА ИМ ДОЈДЕ ОД ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ НАСЕЛБИ ПРЕВАЛЕЦ И ТУНЕЛ
Foto

ПРЕКУ ГЛАВА ИМ ДОЈДЕ ОД ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ НАСЕЛБИ ПРЕВАЛЕЦ И ТУНЕЛ

Петиција од жителите на велешките населби Превалец и Тунел за загадувањето од каменоломот на Техно павер стигнала до општина Велес. Со неа се бараат санкции за загадувачот, од чии детонации и облаци од прашина неколку години немаат мир овие жители. Тие велат дека иако каменоломот добил дозвола од државата, не се придржувал до еколошките стандарди. Секојдневно сме сведоци на се поголем број болни од респираторни болести, претежно деца, а и смртните случаи не се исклучени, велат граѓаните во петицијата.

- Не се наместени никакви филтри, не се наместени оросувачи за вода, нема ништо превземено за бучавата, каменоломот работи од 5 наутро до 5 попладне секој ден, дури и недела, испушта загадена вода во реката Тополка и прави помор на риби. Канцерогените печки на јаглен не се изгасени воопшто, а погонот за хидратна вар работи непрекинато, иако тој дел нема дозвола за да работи - реагираат жителите преку социјалните мрежи.

Од општина Велес потврдија дека петицијата стигнала до нив. Градоначалникот Аце Коцевски вели дека надлежноста над каменоломот ја има државата, бидејќи инсталацијата имала А интегрирана еколошка дозвола. Тој испратил писмо до Министерството за животна средина, со кое бара од нив да преземат соодветни мерки.

Фирмата Tехно павер две и пол години стопанисува со каменоломот во Велес. Толку време и жителите на населбите Тунел и Превалец водат битка, да се заштитат од загадувањето со прашина, силна бучава и татнежи од минирањето на камен за правење вар. Пред една година државата му ја одзеде дозволата, но по шест месеци му даде нова.

0 Коментари

Остави коментари