Преговорите траат, СДСМ и ДУИ разговараат, ВМРО-ДПМНЕ чека шанса од заднина
Foto

Преговорите траат, СДСМ и ДУИ разговараат, ВМРО-ДПМНЕ чека шанса од заднина

Интензивирање на партиските преговори, но далеку од очите на јавноста. Зоран Заев преговара со Али Ахмети, но дали и кога ќе си пружат рака не се открива.

Извори на тв24 од Бихаќка велат дека преговорите течат бавно поради амбицијата на  ДУИ за премиер-Албанец. Официјално не се соопштува за што и кои министерски места ги „меркаaт“ интегративците, кои на изборите освоија 15 пратенички места. СДСМ уверува дека е на чекор до формирање Влада. Заев лично на денешната средба со германската амбасадорка најавил дека уште во првите сто дена ќе се видат реформите во правосудството и економијата. 

- Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање на стабилна одговорна Влада која ќе движи брзо напред. - велат од СДСМ.

Преговара и Христијан Мицкоски. Од неговата партија не му веруваат на Заев и бараат да каже со кого ја договорил Владата.

- СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа. - изјави Димче Арсовски.

ДУИ не договорил коалиција ниту со Заев ниту со Мицкоски, порачаа од партијата на Ахмети, откако неколку медиуми објавија дека вчера ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле за  Влада со премир Лазар Еленковски, кој потекнува од македонско-албански брак. Од Алијансата за албанците велат ека разговарале само со СДСМ, бидејќи според нив е веројатно Зоран Заев да го доби мандатот.

Teчат роковите за формирање на новиот состав од „Илинденска бб“. Од кабинетот на претседателот за ТВ24 вчера порачаа дека Пендаровски нема да кани никого на разговор туку ќе го чека исходот од преговорите помеѓу политичите партии.

Според Уставот, шефот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

0 Коментари

Остави коментари