ПРЕГОВОРИ ЗА НОВО МНОЗИНСТВО: СДСМ СО „ПОВИК” ДО СИТЕ ПРОГРЕСИВНИ ПРАТЕНИЦИ, ВМРО ДПМНЕ НЕ ОТКРИВА СО КОГО И КАКО СЕ РАЗГОВАРА
Foto

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВО МНОЗИНСТВО: СДСМ СО „ПОВИК” ДО СИТЕ ПРОГРЕСИВНИ ПРАТЕНИЦИ, ВМРО ДПМНЕ НЕ ОТКРИВА СО КОГО И КАКО СЕ РАЗГОВАРА

Партиите ги вкрстија копјата откако ДИК денеска и официјално ги објави резултатите од одржаните парламентарни изборите . Коалицијата предводена од СДСМ и Беса кои освоија најмногу мандати и денеска ги повикаа сите пратеници кои се спремни да ги поддржат како што велат прогресивните политики да се придружат на оваа коалиција. Во дописот до јавноста од Бихаќка и денеска потенцираат 

„Сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница.  Времето на поделбите и ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ остана во минатото, нема враќање назад кон изолација, опасност и неизвесност.”

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денеска во партиското соопштение со обвинувања на адреса на СДСМ но и лидеот на партијата Заев потенцирајќи дека - Ниту граѓаните, ниту економијата нема сила да се справува со експериментите на Заев и СДСМ, бидејќи како што наведуваат во соопштението СДСМ  покажале дека ниту знаат, ниту можат да се справуваат со целата криза.  Ваквиот став го поткрепи денеска во изјава за медиумите и Игор Јанушев кој пак додаде дека се водат неформални преговори со партиите од албанскиот блок за формирање Влада но вели кога ќе имаат поконкретни информации ќе ги откриеле . Вели очекува да бидат повикани и на конститутивната седница во законодавниот дом.

Во меѓувреме пак и денеска поранешни функционери но и актуелни од редовите на ВМРО ДПМНЕ повикаа партијата да го признае поразот од изборите . Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и денеска во интервју за Слободн печат го изнесе овој став кој вели не е показател за поделеност во најголемата опозициска партија туку постоење само на различни мислења. 

Ставот на ДУИ пак и вчера во анализа на  ТВ 24 го повтори градоначалничката на Тетово од редовите на партијата Теута Арифи која посочи дека е неприфатливо за интегративците било какво  коалицирање со партии кои се против на договорите за добрососедство со Бугарија како и Преспанскиот договор .

Алијансата за Албанците и Алтернатива пак се убедени дека ќе бидат дел од преговарачкиот процес за парламентарно мнозинство. 

Ставот Левица и натаму останува да бидат опозициска партија со двата пратеника кои ги имаат, а можност за преговори во парламентарното мнозинство оставаат и од ДПА кои освоија едн пратенички мандат. 

Веќе по Илинденските празници ќе бидат исцртани првичните контури на парламентарниот состав и на партиите и коалициите кои ќе делуваат како владејачко мнозинство во законодавниот дом .

0 Коментари

Остави коментари