Прегазена 24-годишна девојка кај Сити мол
Foto

Прегазена 24-годишна девојка кај Сити мол

24-годишна девојка загина вечерва во скопската населба Карпош, откако била прегазена на пешачки премин во близина на „Сити мол“.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „Тојота“ ја удрил и ја фрлил неколку метри, при што се здобила со смртни повреди. Неофицијално, возачот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин.

Според Фокус, возачот на „Тојотата“ е 22-годишник, а МВР повеќе детали за несреќата најавува за утре. Несреќата се случила на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која почанала на местото.

0 Коментари

Остави коментари