Предупредувачки протест на земјоделците во Прилеп
Foto

Предупредувачки протест на земјоделците во Прилеп

Да се исплатат заостанати субвенции, мерки, ковид пакети, да се повлечат законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Со овие барања денеска излегоа земјоделци од сите краишта на земјава на протест во Прилеп кој се претвори во антивладин. Со пароли на кои повикуваа заминување на владата, земјоделците порачаа дека проблемите во аграрот се огромни и неиздржливи за нив. Производителите на ориз се пожалија дека меѓу 50 и 60 проценти од ланскиот ориз, скапува по амбарите.

Лозарите побараа од владата заштитна цена на грозјето, која не смее да биде под 17 денари за вранец и 15 за смедеревка, но и дополнителни 3 денарi по килограм предадено грозје во домашна винарија.

Денешниот протест почна со марш низ прилепскиот булевар „Гоце Делчев“, а заврши пред општинската зграда. Земјоделците симболично го одбрале верскиот празник Петровден, како ден кога е најголемата жетва, да испратат порака до властите.

Земјоделците најчесто се жалат на ниските откупни цени кои им ги нудат откупувачите, па секогаш бараат државата да им ја компензира разликата.

Ова е предупредувачки протест, велат земјоделците. Ако не се најде решение за напластените проблеми, најавија радикализирање на протестите низ повеќе региони во земјава.

0 Коментари

Остави коментари