Предлозите за нови амбасадори адресирани до претседателот Пендаровски
Foto

Предлозите за нови амбасадори адресирани до претседателот Пендаровски

Над 90 отсто од предложените амбасадори се кариерни дипломати, изјави денеска шефот на државата. Официјална информација за имињата на новите амбасадори сѐ уште нема , а претседателот и формално се уште нема ја добиено одлуката на Владата. Пред да бидат испратени – дипломатите ќе треба да ја презентираат својата програма пред надлежната собраниска комисија

Пендаровски предупредува и дека законот забранува по распуштањето на Собранието да се праќаат амбасадори. Ако до тој момент некој не е отиден во дестинацијата за која е определен, ќе мора да чека да заврши кампањата и изборите за да се формира нова влада.

„И понатаму ќе се барат агремани од државите во кои ќе сакаме да ги пратиме. Тука има една временска одредница, која јас ја имав спомнав и порано, а сакам и сега да ја посочам. Се ближат избори, на 3 јануари доаѓа техничката влада, а многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието и мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. По тој датум не можете ниту да вработите, ниту да унапредите кој било службеник во државната администрација, а не пак да праќате амбасадори, рече шефот на државата.“ - изјави Пендаровски.

Во меѓувреме пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Милошоски, денеска обвини дека Димитров има судир на интереси со предлагањето на Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив - тој бил дел од комисијата која доделила стипендија за образование во странство на ќерката на министерот.

Владата вчера на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за амбасадори. Неофицијално, во Белград амбасадор ќе биде Васко Грков, во Рим Рами Реџепи, Стразбур Сашко Тодоровски, Тел Авив- Мишо Докмановиќ, Шпреса Јусуфи во Приштина, Данчо Марковски - Тирана, Милаим Фетаи - Загреб, Шабан Јашари - Катар, Теута Демјаха или Андреј Жерновски за ОН во Женева, Фатон Бејта - Копенхаген, Паскал Стојчевски – Хаг, и Дане Талески за НАТО во Брисел.

0 Коментари

Остави коментари