Предлог законот на ЈО се сели во Собрание – на усвојување по скратена постапка и со европско знаменце
Foto

Предлог законот на ЈО се сели во Собрание – на усвојување по скратена постапка и со европско знаменце

Обвинителката Вилма Русковска да седне на новото СЈО не е личен избор на премиерот, туку е логичен – вака Заев му одговори лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски по низата обвинувања дека не може Извршната власт да го избира шефот на новото обвинителство.

Заев вели логично е Русковска да седне на чело на новото СЈО, бидејќи таа има мандат во сегашното за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе се интегрира СЈО.

„Не ја предложив јас Рускоска за шеф, не ми се доаѓаше ни мене пред 5, 7, 9 години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Совет на јавни обвинители. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес. Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот перид, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да и учиниме и да и помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред“ - рече Заев.

Опозицијата не отстапува – не прифаќа Русковска да седне на местото на Катица Јанева, ќе бараат прво да се избере нов Совет на јавни обвинители, кој потоа по тајно гласање ќе го избере новиот обвинител. Дали го прифаќаат остатокот од законското решение предложено од власта или не од партијата се уште не соопштуваат – велат анализата е во тек, а работат и на финиширање на нивниот предлог закон.

„Забелешки и свои услови имаа и албанските опозициски партии. Предложеното законско решение не сакаа да го коментираат 8-те пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, чии гласови беа клучени за уставните измени.“ - изјава Димче Арковски – ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за ЈО со европско знаменце стигна во Законодавниот дом – и ќе се носи по скратена постапка, а заедно со законот за ЈО стигнато е и решение за јавнообвинителски совет. За да поминат потребно е двотретинско мнозинство. Според процедурата, претседателот на Собранието има три дена заедно со службите да го разгледаат техничкиот дел на законот, по што треба да се пушти во процедура.

Дали власта ќе го собере потребното мнозинство ќе се знае в понеделник, кога според најавите се очекува да се закаже седнцата на која пратениците ќе расправаат за законското решение.

0 Коментари

Остави коментари