Предлог законот на ЈО се сели во Собрание
Foto

Предлог законот на ЈО се сели во Собрание

Предлог законот за Јавно обвинителство со европско знаменце и во скратена постапка ќе биде испратен на усвојување во Законодавниот дом, а на предлог на Министерството за правда - Владата прифати во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, поради терминолошко усогласување со Предлог-законот за Јавно обвинителство.

Според најавите од собранискиот спикер Талат Џафери првата пленарна седница за предлог-законот би можела да биде закажана веќе на почетокот на идната недела. 

Ако политичките субјекти во Парламентот успеат да се усогласат околу законот за ЈО – тој може да биде донесен до крајот на август посочи собранискиот спикер Талат Џафери на вчерашниот брифинг со новинари.

Власта се надеваат оти ќе проработи свеста кај сите пратеници и ќе се добијат мнозинство гласови за законот. Од СДСМ велат Русковска не е личен, туку е логичен избор. Од ВМРО-ДПМНЕ пак не отстапуваат од барањето – Рускоска не смее да го води новото обвинителстсво, велат деновиве ќе заврши анализата на предложениот закон, но и ќе излезат со свој предлог. Забелешки вчера имаа и дел од опозиционите албански партии. 

Новото СЈО според предлог-законот, кој вчера помина на владината седница, ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција.

Сите обвинители од СЈО можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство, нивниот мандат истекува на 15 септември, но тие имаат и право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари