Предизборно покачени платите во здравството, специјалистите добиваат за четвртина повисока плата
Foto

Предизборно покачени платите во здравството, специјалистите добиваат за четвртина повисока плата

Лекарите се испазарија со власта. Предизборно Владата одлучи да им ги накачи платите. Од фебрурари 25% повеќе на контото ќе добијат специјалистите, 15 отсто ќе добијат општите доктори, 10 проценти медицинскиите сестри, а пет проценти здравствените соработници.  Одлуката падна откако дел од синдикатите се заканија со штрајк доколку не им бидат остварени барањата за повисоки плати.

„Сега платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист во Клиничкиот центар, на хируршките клиники и на интерните клиники ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари. Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде помеѓу 85 и 88 000 денари заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата многу лесно може да достигне и до 100 000 денари . Со оваа мерка го враќаме достоинството на здравствените работници.“ - вели министерот Филипче.

Дали повисоките плати ќе донесат и повеќе гласови на контото на владејачката партија?  Откако јавно ја понудија својата поддршка на престојните избори, сега од Самостојниот синдикат на вработените во клинички велат дека погрешно биле интерпретирани.

„Изјавата беше малку така погрешно интерпретирана во јавноста. Нашите членови ќе си гласаат согласно сопствените убедувања. Во ниеден момент ниту сме имале намера ниту можеме да влијаеме врз нашето членство како ќе гласа. Ќе гласа согласно што добиле од ветувањата. Тоа се високообразовани кадри и ќе гласаат согласно сопствените убедувања и верувам дека ќе проценат колку се задоволни од овие накачувања и колку не е исполнето од ова покачување такаш што нема синдикатот да има никакво влијание во нивното изборно гласање.“ - вели д-р Горан Беговиќ – Претседател на ССКЦ.

Помошно техничкиот персонал овој пат изостана, со ветување дека за нив следната година ќе следува покачување. Освен лекарите, предизборно Владата им ги накачи платите и на просветните работници кои исто така се закануваа со штрајк. А, протест оваа недела највуваат и од независниот синдикат на полицијата од каде ќе побараат покачување на платите за 25% во Полицијата, Шумската полиција, Затворската полиција и Судската полиција.

0 Коментари

Остави коментари