ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЕСЕНТА СКОПСКИТЕ ТЕАТРИ СО ПОЛН РЕПЕРТОАР
Foto

ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЕСЕНТА СКОПСКИТЕ ТЕАТРИ СО ПОЛН РЕПЕРТОАР

По летната пауза, театарската сцена во Скопје повторно заживува, вљубениците во театарот повторно ќе можат да се вратат во театарските сали и да ја доживеат магијата на театарот.  Почетокот во театарските куќе ветува богата сезона, со нови престави, кои ќе треба да ги задоволат вкусовите на публиката.

„Жена пред нервен слом“ е претставата со која вечерва стартува сезоната во „Театар Комедија“.

По успешно завршениот фестивал „Гола месечина“ од театарот најавуваат дека продолжуваат и подготовките за претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на „Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска.

На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер, Егон Савин.

Утревечер пак со претставата „Не се клади на Енглези“ на режисерот Синиша Ефтимов, започнува новата сезона во Македонскиот народен театар.

Првата премиера закажана за новата сезона на МНТ е на 24 септември, станува збор за претставата „Бесачи“ која ја подготвува бугарскиот режисер, Јавор Грдев, работена според „Hangmen“ – текст од 2015 година на актуелниот британски автор Мартин Мекдона. 

За Драмскиот театар новата сезоната започнува на 14 септември со премиера на претставата  „Чудесна терапија“ во режијата на Димче Николовски, кој ја работеше претставата според делото на Даниел Глатауер. 

За 20 септември во 20 часот следува скопска премиера на преставата која премиерно беше прикажана на Охридско лето „Несоодветно за на работа“. Од денес на чело на драмскиот театар во улогата на в.д директор застанува актерката Катерина Коцевска, која на оваа позиција дојде откако директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова-Петровска поднесе оставка, откако премиерот Зоран Заев на 17 јули препорача нејзино разрешување.

0 Коментари

Остави коментари