Празничен карантин и полициски час
Foto

Празничен карантин и полициски час

Нема верски лидер, функционер или институција што се посилни од државата, изјави денеска премиерот на преодната влада Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата се соочува со притисок пред денешната седница на која треба да одлучи дали за време на викендот граѓаните ќе бидат ставени во 58 часовен карантин како што предложи Комисијата за заразни болести, викенд во кој се одбележуваат два празника – Рамазан Бајрам и Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.

А во пресрет на празнувањето на Рамазан Бајрам не стивнуваат реакциите од сите страни. Исламската верска заедница денеска го обвини Министерството за внатрешни работи (МВР) дека полицајци вршеле притисок врз ИВЗ а се заканувале и врз верници, за време на празникот да не се оди во џамија на молитва.

Од МВР категорично ги отфрлија ваквите обвинувања и ги оценија како паушални и неточни. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска од Струмица порача дека МВР не би сакало дасе врши притисок врз верските заедници. 

Премиерот Спасовски тврди дека науката и здравството, а не политиката ќе решава што е добро за граѓаните во услови на пандемија и врз основа на тоа ќе биде донесена конечната одлука дали од сабота до вторник ќе има полициски час.

 

0 Коментари

Остави коментари