Право на глас имаат 1657 затвореници
Foto

Право на глас имаат 1657 затвореници

Половина од затворениците од најголемиот затвор во земјава Идризово денеска гласаа на десттите по ред, а петти предвремени парламентарни избори 2020 година.

Од избирачкиот одбор констатираа дека гласањето денеска помина во вообичаена атмосфера а затворенците максимално ги почитувале изборните правила. Тие пак, заедно со членовите на одборот, затворската полиција но и партиските набљудувачи се прилагодија на новата реалност поврзана со пандемијата на коронавирусот. Она што можеби им преставувашe тешкотија на членовите на изборачкиот одбор е фактот што секој затвореник доаѓа од различна општина. 

А имаше такви кои во меѓу време од различни причини го напуштиле затворот па сега пак се враќаат. Некои од нив гласаа, некои од нив ги немаше во Избирачкиот список а некои пак воопшто не гласаа затоа што воопшто и не се пријавиле да го остварат ова свое право. 

Од Управата на затворот Идризово велат дека пред секои избори на затворениците им се држат презентации за тоа кој има право на глас и како да го оствари истото.

„Неколку дена пред изборите се вршат подготовки за самиот денот на гласње. Секој затвореник има таканаречена домска легитимација и тие истата ја проверуваат. Затворениците, ако ги има на Избирачкиот список имаат право наместо со други документи за лична идентификација да гласаат со овие домски легитимации.“ - изјави КПУ „Идризово“.

А затворениците што денеска гласаа, секој со својата мака. Некому му остануваат уште месец или два, некому години и години до издржувањето на казната затвор. Ама и за едните и за другите денот таму е година. Денешното гласање им беше само миг кој за нив многу значи кога освен цимерите од ќелиите имаат можност да се видат и да поразговараат за луѓе, како што велат тие, од надвор.

Иако немаа проблем да зборуваат со нашата екипа за нивното право да го дадат својот глас сепак не застанаа пред камера. Велат нив ги мачи најсветото, изгубената слобода. А на некои од нив и срамот им виси над глава. Секој од нив има семејство, деца, роднини, комшии, пријатели. Прва, последна и единствена мисла во четирите затворски ѕида им е кога повторно ќе го вдишат воздухот на слободата. 

По затворањето на ова избирачко место, гласачките ливчиња во пликоа ќе бидат испратени во општинските изборни комисии, во градовите или селата каде што живеат затворениците.

0 Коментари

Остави коментари