Правниците и економистите од јавната администрација се непожелни за бизнисот
Foto

Правниците и економистите од јавната администрација се непожелни за бизнисот

Правниците и економистите од јавната администрација се непожелни и за бизнисот. Стопанствениците велат дека се подготвени да превземат дел од вишокот административци, кои владата планира да ги префрли во приватниот сектор, но повеќе им недостасуваат квалификувани среднисти, отколку факултетлии кои ги има и вишоци на пазарот. Велат треба дебата и најверојатно преквалификација на административците.

„Според информациите кои ги добиваме од нашите членки, се поголем недостиг на кадар е во среднообразовен кадар. За високообразованиот кадар недостастатокот  е во инженерскиот кадар, ит индустријата. Би се јавил проблем околу економисти и правници.“ - вели Александар Милошевски потпретседател на ССК.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски неодамна изјави дека на крајот на следната година ќе има понуда до дел од вработените во администрацијата да заминат доброволно во приватниот сектор. Манчевски правдајќи ги 24-те милиони евра повеќе пари за плати во администрацијата во буџетот за догодина, рече дека има и превработеност, но и недостаток на професионален кадар во администрацијата. Нагласи дека ќе дадат повеќе пари преку повисоките плати догодина, но ќе бараат повеќе работа. Манчевски и порача дека тој што не работи нема што да бара во администрацијата.

Бизнисот бара и целосна реформа на образовниот систем. Учениците да се насочуваат уште во основно образование и да се промовираат средните стручни училишта. За решавање на образовниот проблем пак треба да помогнат двајцата економски советници кои ни ги праќа канцеларката Ангела Мрекел со искуство во дуалното образование. Премиерот Заев најави дека Управувачкиот Комитет со Германија треба да се формира до крајот на неделава.

0 Коментари

Остави коментари