Правната битка за Дрисла: Избраниот партнер на градот не постои, Италијанците ќе ја бараат назад
Foto

Правната битка за Дрисла: Избраниот партнер на градот не постои, Италијанците ќе ја бараат назад

Битката за сопственост врз депонијата Дрисла заглави во правен лавиринт.. Град Скопје донесе одлука да си ја врати под своја капа, откако фирмата Шолц АГ, со која требаше да склучи договор, не одговорила во законскиот рок. Германскиот Шолц пак, веќе не постои, од 2013-та година. Таа е купена од кинески конзорциум и постои како Шолц Холдинг, вели правниот застапник на претходниот концесионер – италијанската фирма Амбиенте. Сега и кинезите и Италијанците бараат судот да ја поништи одлуката со која ја назначил, тогаш веќе непостоечката фирма Шолц АГ, како најдобар понудувач за Дрисла. Нивното толкување е дека сите судски постапки за сопственоста на Дрисла, практично се водени со непостоечка фирма која била избиршана од трговскиот регистер.

„Вчерашната тужба добиена од страна на Конзорциумот Шолц Холдинг, целосно ги ПОТВРДУВА нашите наводи, истакнати во нашата тужба за повторување на постапката. Тоа е дека од 2013-та година, Шолц АГ е избришана од трговскиот регистер во Германија и престанала да постои, бидејќи била купена од кинескиот конзорциум Шолц Холдинг. Затоа не можела да се јави како тужител, во постапката што е водена против Амбиенте, ниту пак, полномошникот на Шолц АГ можел да се легитимира и да води постапка против одлуката на Град Скопје, со која што Амбиенте е избран за најповолен понудувач. Шолц АГ немала овластување за тоа, односно последното наводно издадено полномошно од кинескиот конзорциум е фалсификувано.“ - вели адвокатот на „ФЦЛ Амбиенте“, Љупчо Шврговски.

Спорот меѓу Шолц АГ и италијанската Амбиенте трае повеќе од седум години. Судот не открил невалидни документи, па го назначил ШОЛЦ АГ за најдобар понудувач, наложувајќи му на Градот да го раскине договорот со италијанците.

Градоначалникот Петре Шилегов дециден е дека претходниот концесионер не е опција, бидејќи одлуките за избор и јавно приватно партнерство за Дрисла се поништени.

„Ако прворангиораниот понудувач не го склучи договорот, а ние немаме можност да склучиме договор, бидејќи немаме со кого, комисијата за спроведување на постапката, ќе го покани наредниот рангиран понудувач да го склучи договорот, или дава предлог за поништување на постапката. И ова е можност која нашиот град не смее да ја пропушти. Имаме можност да ја вратиме на италијаните, нема да ја вратиме, затоа што немаме обврска, а имаме лошо искуство“ - изјави Шилегов.

Планот на Градот е Дрисла да продолжи да функционира како Јавно Претпријатие, а доколку има потреба, да биде избран нов концесионер. Сепак, претходниот италијански партнер на градот не се откажува, нивниот правен застапник вели доколку има судска одлука во нивна корист, градот ќе мора да ја почитува. Правните лавиринти во кои заглави Дрисла пак, најмногу ги чинат граѓаните, бидејќи додека битката за сопственоста се влече со години, депонијата стагнира, иако редовно се посочува како еден од главните загадувачи на Скопје.

0 Коментари

Остави коментари