Пратеникот Крсто Мукоски ќе се брани од слобода
Foto

Пратеникот Крсто Мукоски ќе се брани од слобода

Апелацискиот суд Скопје ја уважил жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор за настаните во Собранието од 27 април минатата година, да се брани од слобода.

„Апелацискиот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја важил жалбата на К.М. обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Р.М. со кое решение ја уважил жалбата на обвинетиот изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор определена со решение на Врховен суд на Р.М., продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје, а се определуваат мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга“, соопшти Кривичен суд.

Претходно, од куќен притвор беше ослободени и пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

0 Коментари

Остави коментари